Германскиот тенисер Александар Зверев денеска го освои Мастерсот во Париз, откако по два сета со 6:2, 6:2 го совлада 18 тенисер во светот, Французинот Хуго Ембер.
Зверев до победата во финалниот меч во францускиот главен град дојде за еден час и 16 минути.
Зверев, треторангираниот тенисер во светот, четири пати беше подобар на сервисот на францускиот тенисер, додека Ембер не освои ниту еден брејк.
Германецот запиша четири асови, додека Ембер освои три поени директно од сервис.