Македонскиот фудбалер Даниел Аврамовски кој што настапува во турската Лига 1 имаше уште еден брилијантен настап во дресот на својот клуб Булуспор.
Имено, Аврамовски во вчерашниот натпревар од 11. колово во ова натпреварување против екипата на Умраниеспор беше асистент на сите три погодоци за својата екипа Булуспор.
Македонскиот голгетер е во одлична форма и бележи одлични настапи во дресот на својата екипа.
Со оваа трета победа по ред, Булуспор се искачи на петата позиција од табелата со 18 бодови, и има помалку 3 бода од лидерот на табелата Бандирмаспор, односно по 2 бода помалку од второ и трето пласираната екипа.
Редоследот на табелата од ова првенство е следен: Бандирмаспор 21, Ерзурумспор 19, Коцаелиспор 19, Карагрумук 18, Булуспор 18…
Аврамовски беше двоен стрелец во победата на Булуспор во претходниот натпревар од 10. коло против екипата на Истанбулспор.