Кошарка

Евролига: Продолжува серијата на Жалгирис, порази на српските претставници

Евролига: Продолжува серијата на Жалгирис, порази на српските претставници

Во седмото коло од Евролигата, кошаркарите на српските тимови Партизан и Црвена Звезда запишаа нови непријатни порази.

Партизан одигра катастрофално на гостувањето кај турскиот претставник Фенербахче и беше поразен со 72:89, во веројатно најслабиот меч на тим што го води Жељко Обрадовиќ во неколку години.

Најефикасен кај победниците беше Најџел Хејс-Дејвис со 24 поени, а го следеше Тарик Биберовиќ со 17. На другата страна најдобар беше Френк Ниликина со 14, а Алексеј Покушевски постигна 10. Партизан сега има скор 2-5, додека Фенер 5-2.

Малку подоцна кошаркарите на Црвена ѕвезда во својата сала „Александар Николиќ“ и покрај сигурното водство од 14 поени во самиот финиш беше совладан од актуелниот шампиони Панатинаикос со 77:81.

Кај Црвена Звезда најефикасен беше Ајзеа Кенан со 20 поени,, додека Никола Калиниќ впиша 13 а Јаго дос Сантос 11 коша со седум асистенции. Лоренцо Браун и Хуанчо Ернангомез беа најефикасни во тимот на Панатинаикос со по 12 поени и четири скока, Џериан Грант и Кендрик Нан по 11, а Костас Слукас 10.

Ѕвезда сега има 3-4 (четири последователни порази), додека ПАО е 5-2.

Жалгирис го победи Монако со 63:62 и го задржаа врвот на табелата со шест победи и еден пораз.

To top