Палестинската исламска организација Хамас во неделата го ослободи Рон Кривој, Русин, кој има и израелско државјанство, во знак на благодарност до рускиот претседател Владимир Путин за „поддршката на палестинската кауза“.
Како што изјави неименуваниот функционер, ослободувањето ќе биде „надвор од рамките на договорот за прекин на огнот“ меѓу Израел и Хамас, а со тоа и без компензација – ослободување на Палестинците од израелските затвори.
Од почетокот на прекинот на огнот во петокот, Хамас ослободи 81 заложник, главно израелски државјани, а Израел ослободи 180 затворени Палестинци.