– Во текот на следните неколку дена ќе бидеме фокусирани да направиме сè што можеме за да ја продолжиме паузата, така што ќе продолжиме да извлекуваме повеќе заложници и ќе доставуваме повеќе хуманитарна помош, рече Блинкен по министерскиот состанок на НАТО во Брисел.
Што се однесува на руската војна во Украина, Блинкен додаде дека Вашингтон и неговите сојузници остануваат цврсти во нивната поддршка за Киев.
„Одговорот денеска овде во НАТО е јасен и непоколеблив: Мораме и ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина“, потенцираше Блинкен на состанокот на западната воена алијанса.