Останати спортови

Одбојкарите ќе настапат во Златната лига, девојките ќе играат во Сребрената лига на ЦЕВ

Одбојкарите ќе настапат во Златната лига, девојките ќе играат во Сребрената лига на ЦЕВ

Машката одбојкарска репрезентација и во 2025 година ќе игра во Европската златна лига, додека одбојкарките ќе играат во Сребрената Европска лига и тоа по втор пат во историјата откако претходно играа во 2023 година.

Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија донесе одлука да достави апликација до Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) за учество во новото издание на Златната лига и истата беше прифатена. 2025 година ќе биде трета сезона по ред како нашите одбојкари ќе играат во ова натпреварување.

Машкиот национален тим од 2014 година константно е дел од годишните натпреварувања на ЦЕВ и досега има освоено четири бронзени и два сребрени медали, но во Сребрената лига. Женската одбојкарска репрезентација ќе игра во Сребрената лига.

Натпреварувачката програма за нашите репрезентации започнува во периодот мај – јуни следната година и овие лиги ќе претставуваат генерална проба во пресрет на реванш фазата од евро – квалификациите, кои се играат во август 2025 година.

To top