Кошаркарските тимови Олимпијакос и Реал Мадрид го одиграа највозбудливиот натпревар во Евролигата каде домашните победија на крајот со 79-69.
Грчкиот тим го доби последниот период со 23:10 и на тој начин ги израдува домашните фанови, со што сега и двете екипи се со ефект 3:3 во Евролигата.
Везенков со 23 и МекКисик со 15 поени беа најефикасни во победничката екипа, додека кај Реал, Хезоња стигна до ефект од 15 поени.
Барселона славеше на гостувањето кај Анадолу Ефес и на тој начин стигна до петта победа по ред во елитното европско натпреварување, како и првата позиција на табелата. Мету со 21 и Пантер со 20 поени беа најефикасни во редовите на шпанскиот состав.
Ефес-Барселона 88:97
Алба-Париз 83:92
Фенербахче-Макаби ТА 84:82