Останати спортови

Калин Ивановски не успеа да се пласира на главниот турнир во Братислава

Калин Ивановски не успеа да се пласира на главниот турнир во Братислава

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски не успеа да се пласира на главниот челинџер турнир во Братислава откако денеска загуби од Милош Карол од Словечка.

Ивановски се чини дека се истроши на вчерашниот меч кога го совлада вториот носител на турнирот, Александар Ковачевиќ од САД кој е 99. место на АТП листата.

Калин загуби од домашниот тенисер Милош Карол (540 АТП) во два сета, беше 7-5 и 6-4 за Словакот.

Ова за Ивановски беше само трет меч по отуството од повредата кое траеше дури 11 месеци.

To top