Аргентинецот Емилијано Мартинез вторпат во низа ја добива наградата „Лав Јашин“, за најдобар светски голман.
Голманот на Астон Вила во 2022 година стана светски шампион со „гаучосите“, а летово триумфираше и во Копа Америка, со што ја продолжи „жетвата“ на важни трофеи во кариерата.
32-годишниот Мартинез е член е на Астон Вила од 2020 година, а за аргентинската репрезентација досега вкупно „собра“ 47 настапи.
Со тимот на Унаи Имери минатата година стигна и до полуфиналето на Конференциската лига на УЕФА.