Возачот на Ферари, Карлос Саинц Јуниор е победник на трката за Големата награда на Мексико во рамките од Формула 1 шампионатот.
На патеката во Мексико Сити, Шпанецот го оствари четвртиот триумф во кариерата пред Британецот Ландо Норис од Мекларен, додека неговиот клупски колега Шарл Леклер го освои третото место.
Зад нив се најде британскиот тандем на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел, додека актуелниот шампион Холанѓанецот Макс Верстапен од Ред Бул заврши шести.
Бодови освоија и Кевин Магнусен (Хаас), Оскар Пјастри (Мекларен), Нико Хулкенберг (Хаас) и Пјер Гасли (Алпина). Во генералниот пласман води Верстапен со 362 бодови, Норис има 315, а Леклер 291.
Остануваат уште четири трки до крајот на Ф1 сезоната, а следната е во Сао Паоло на 3 ноември.