Во присуство на јавни личности и претставници од приватниот сектор, вчервс вечерва во Македонската опера и балет се одржа гламурозно свечено доделување дипломи на шеснаесеттата генерација дипломирани студенти на прв циклус студии и на четринаесеттата генерација магистрирани студенти на втор циклус студии на Универзитетот Скопје.
Ректорот на Универзитетот Скопје, проф. д-р Аце Миленковски во својот емотивен говор им порача на присутните: „Семејството е татковина на љубовта – токму такво големо семејство сме ние, нашиот универзитет, со нашите дипломци, магистри, нивните родители, нашите пријатели и нашите денешни гости!“
Ректорот Миленковски особено им се заблагодари на своите колеги и пријатели што несебично придонесуваат кон развојот на науката, високообразовната дејност и економијата. На проф. д-р Слободан Ивановиќ, редовен професор во трајно звање, му беше доделено почесното звањето Professor Emiratis, на проф. д-р Јове Кекеновски му беше доделена почесна титула Professor Honoris Causa, а на г-н Феми Косовали почесна титула Doctor Honoris Causa.
„Бидете светилници, освојтете ги и осветлете ги светот и Македонија со надеж, мудрост, знаење и добрина!“, им порача ректорот Миленковски на овогодишнотр магистри и дипломци.