На 26.10.2024 во 07.10 часот во ОВР Крива Паланка, било пријавено дека во с.Мождивњак, маала „Чивлик“-Крива Паланка, настанал пожар во патничко возило „пежо“ со кривопаланечки регистарски ознаки, сопственост на М.М.(43) од истото село, а кое било паркирано во неговиот двор.
Пожарот е локализиран од Територијална противпожарна едница-Крива Паланка. Повредени лица нема, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крива Паланка.