ЛА Лејкерс со неверојатна серија од 21-0 со која од 87-94 на крајот од третата четвртина дојдоа до 108-94 во последниот период од играта дојдоа до третата победа во третиот меч сезонава во НБА лигата сега против Сакраменто со конечни 131-127.
Во серијата од 21-0, Леброн Џејмс учествуваше со 10 едноподруго поени или вкупно 16. Леброн заврши како најдобар стрелец на мечот со 32 поени имаше 14 скока и 10 асистенции, што е негов 113-ти „трипл-дабл“ во кариерата.
Ентони Дејвис постигна 31 поен и имаше 10 скока, а кај Сакраменто се истакна Домантас Сабонис со 29 поени, 12 скока и 10 асистенции.
Денвер загуби од ЛА Клиперс со 109-104 во вториот свој меч сезонава. Никола Јокиќ постигна 41 поен, уфрли седум тројки, што е негов нов рекорд во кариерата по бројот на погодени шута за три поени, но Денвер не успеа да го скрши отпорот на Клиперс, на крајот за пораз во неизвесна завршница.
Кај Клиперс најдобар беше Пауел со 37 поени, Харден имаше 23 поени и 16 асистенции а Зубац заврши со 24 поени и 15 скока.
НБА резултати:
Денвер – ЛА Клиперс 104:109, Шарлот – Мајами 106:114, Детроит – Бостон 118:124 Вашингтон – Кливленд 116:135, Чикаго – Оклахома 95:114, Мемфис – Орландо 124:111, Сан Антонио – Хјустон 109:106, Феникс – Далас 114:102, ЛА Лејкерс – Сакраменто 131:127