Домашните екипи доминираа на четирите мечеви кои се одиграа вечерва во рамките од четвртото коло на Прва кошаркарска лига.
Актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром славеше против МКК Куманово со 78:71. Гостивар славеше против Пелистер со 77:66 во меч на кој домаќините водеа во најголем дел од средбата, а највисоката предност ја имаа во третата четвртина кога беше 60:40.
Кожув беше убедлив и со 85:64 го победи Тиквеш, а сигурна победа оствари и Шкупи против вардар и тоа со 89:68. Утре ќе се одигра дуелот меѓу Работнички и Чаир.