Фудбал

ВМФЛ: Нови победи на Македонија ЃП и Брегалница

ВМФЛ: Нови победи на Македонија ЃП и Брегалница

По шокантниот пораз од Новаци Македонија Ѓорче Петров влезе во серија од четири победи во Втората македонска фудбалска лига, низа која ја продолжија со денешниот триумф над Кожув.

Македонија славеше со 3:0 на домашен терен и стигна до седмиот триумф од стартот на сезоната, па така ја одржува минималната предност која ја има пред Брегалница на првенствената табела.

Тимот од Штип на домашен терен беше подобар од Вардар Неготино со резултат 2:0, додека улогата на фаворит денеска не ја оправда Арсими кој на домашен терен ремизираше со Скопје (0:0).

Поради киксот, Башкими сега е трет на првенствената табелада во втората македонска фудбалска лига, бидејќи „зелено-белите“ денеска со 2:1 славеа над Каменица Саса.

To top