Свет Комитет за управување со кризи

Повеќе од 500.000 луѓе избегале поради војната од Либан во Сирија

-Од 23 септември до 25 октомври 348.237 државјани на Сирија и 156.505 државјани на Либан преминале на сириска територија, се вели во соопштението на Комитетот.

Повеќе од 500.000 луѓе избегале поради војната од Либан во Сирија

Повеќе од 500.000 луѓе преминале од Либан во Сирија откако во земјата се судрија милитантното движење Хезболах и Израел, соопшти синоќа комитетот за управување со кризи на либанската влада.

-Од 23 септември до 25 октомври 348.237 државјани на Сирија и 156.505 државјани на Либан преминале на сириска територија, се вели во соопштението на Комитетот.

Прекуграничниот конфликт меѓу Израел и проиранскиот милитантен Хезболах, кој дејствува од територијата на Либан, почна во октомври минатата година, веднаш откако палестинската терористичка организација Хамас ја нападна еврејската држава и уби околу 1.200 луѓе.

Кога Израел почна одмаздничка акција во Појасот Газа, која се претвори во отворена војна со Хамас, Хезболах, во знак на поддршка на Хамас, почна да истрелува ракети врз северот на Израел, предизвикувајќи раселување на десетици илјади жители.

По серијата убиства на лидерите на Хезболах кои му се припишуваат на Израел, прекуграничниот конфликт се претвори во војна, бидејќи единиците на израелската армија навлегоа на либанска територија.

Поради војната во Сирија, голем број бегалци од таа земја дојдоа во Либан по 2015 година. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top