Останати спортови

Марсел Хиршер се враќа на скијањето

Марсел Хиршер се враќа на скијањето

Осумкратниот светски победник во алпско скијање Марсел Хиршер потврди дека по петгодишна пауза ќе се врати на скијачките патеки и тоа на отворањето на новата скијачка зона во Зелден, Австрија.

Трките за скијачите и скијачките ќе се одржат овој викенд, а Хиршер ќе настапува во недела и ќе ја претставува Холандија, родната земја на неговата мајка.

Пред неговото пензионирање во 2019 година Хиршер оствари 67 победи во Светскиот куп, од кои 32 во слалом и 31 во велеслалом.

To top