Кошарка

Анадолу Ефес ќе биде цел месец без Шејн Ларкин

Анадолу Ефес ќе биде цел месец без Шејн Ларкин

Кошаркарот на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин поради незгодна повреда ќе отсуствува од кошаркарските терени во следните четири недели, објавија турските медиуми.

Ларкин е еден од предвониците на тимот, а сезонава има просек од 16,8 поени во домашното првенство и 10,8 поени и 5,4 асистенции во Евролигата.

За 32-годишниот Ларкин ова е веќе седма сезона во Анадолу Ефес, а европската кариера ја започна во екипата на Басконија, каде пристигна во сезоната 2016/17.

To top