Фудбал фудбал

Нема да жали по отказот: Манчини во наредните три години ќе добие богатство од Саудиска Арабија

Италијанскиот тенисер Роберто Манчини во текот на вчерашниот ден доби отказ на селекторската позиција на Саудиска Арабија, но барем кога се финансиите во прашање нема да жали премногу.

Имено, Манчини на клупата на Саудиска Арабија пристигна пред 14 месеци и потпиша договор вреден 92 милиони евра. Сега и покрај тоа што Саудиска Арабија го ослободи според договорот тој треба да добие уште 72 милиони евра во наредните три години до истекот на договорот.

Кога ќе се направи пресметка значи дека Манчини ќе добива два милиони евра месечн или 500.000 евра неделно во наредните три години без ништо да работи.

На клупата на Саудиска Арабија, Манчини беше само 18 натпревари во кои оствари само седум победи и ги остви на третото место во квалификациската група за Светското првенство со намалени шанси за пласман на Мундијалот.

Медиумите пренесуваат дека Манчини покрај лошите резултати имал и расправија со одредени фудбалери во репрезентацијата.

To top