Фудбал фудбал

ПСЖ повторно одби да му ги исплати заостанатите плати и бонуси на Мбапе

Заедничката Комисија за жалби на француската лига (ЛФП) денеска повторно побара од ПСЖ да му ги исплати на својата поранешна фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе заостанати плати и бонуси во износ од 55 милиони евра, што клубот од Париз повторно одби да го стори, јавија светските агенции.

Финансискиот спор продолжува, бидејќи од една страна Мбапе одбива посредништво за разврска на случајот, а од друга ПСЖ одбива да му го исплати побарувањето од 55 милиони евра.

Одлуката на комисијата на ЛФП не е обврзувачка за ПСЖ, кој сега ја чека судската одлука на поднесената жалба пред надлежните судски органи.

Медиумите пренесуваат дека Мбапе би можел да се обрати за помош и до Европската фудбалска унија (УЕФА).

ПСЖ денеска соопшти дека контактира со правосудните органи, но во исто време се обидува да постигне вонсудски договор со Мбапе, кој ова лето го напушти клубот од Париз и кариерата ја продолжи во Реал Мадрид.

To top