Македонија КУРИР АНАЛИЗА

Кепеска ја оправдува Стратегијата 2050: Секое општество мора да ги осмислува своите развојни правци

Стратегијата е потребна во сите области на општествениот живот, вели за КУРИР Проф. д-р, Јованка Кепеска, коментирајќи ја Стратегијата за раст и развој која ја предлага премиерот Христијан Мицкоски.

Кепеска ја оправдува Стратегијата 2050: Секое општество мора да ги осмислува своите развојни правци

Македонија не смее да заостанува кога сѐ во светот се менува, а научните и економски процеси забрзано се развиваат. Државата има потреба од нова парадигма, која ќе нѐ внесе во новото време.

Имаме потреба од сеопфатна стратегија за правецот во кој ќе се движиме во наредните децении, па од тука, визијата на премиерот Христијан Мицкоски за стратегија на државата до 2050 година е столб кој би не обединил како општество.

Највисоката научна институција во Македонија МАНУ со отворени раце ја прифати и во целост ја поддржува заложбата на претседателот на Владата, да се изработи документ во кој ќе се дефинираат приоритетите за развој на државата во следните 25 години.

Стратегија за раст и развој која ги опфаќа приоритетите на развој на државата, демографските предизвици, економските цели и како да се стигне до нив, земјоделски и технолошки развој, енергетски и транспортен развој, подобрување на животната средина, образование и здравство во тек со светските достигнувања… Ова е проектот кој го најави Мицкоски, преточен во стратегија за државата до 2050 година.

И МАНУ го поддржа и поздрави предлогот на премиерот Мицкоски за стратегија за развој на Македонија до 2050-та

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е подготвена и има капацитет заедно со универзитетските професори и научната заедница за изработка на заедничка стратегија за развој на Македонија до 2050 година.

Стратегијата е потребна во сите области на општествениот живот, вели за КУРИР Проф. д-р, Јованка Кепеска, коментирајќи ја Стратегијата за раст и развој која ја предлага премиерот Мицкоски.

-Секое општество мора да ги осмислува своите развојни правци оттаму и оправданоста за остварување на Стратегијата за раст и развој на Македонија до 2050 година. И притоа мислењето (научно, уметничко), претпоставено со Стратегијата, мора да се препознае со оглед на неговата поврзаност со афтентичноста на македонскиот народ. Бидејќи ние како поединци се идентифицираме лично но, припаѓајќи на народот, ја остваруваме и неговата афтентичност. Тоа се аспектите кои се определувачки за создавање на една стратегија за развој и раст на едно општество и народ, потенцира професорката Кепеска.

Според професорката, стратегијата е потребна во сите области на општествениот живот.

-Светот е нов, секако, но е антиципиран теоретски, на различни нивоа, филозофски, научно и практично. Затоа што суштински е да се претпостави значењето на научно-технолошкиот развој за развојот на општеството според неговата суштина искажана во најзначајната создадена мисла. И како таква да биде претпоставка за развојот во сите области и да се постигне развојот. Што говори дека е потребно да се постигне и вистинското поместување во теоретското знаење. И јасно е дека само на таков начин и можат да се определи развојот на структурните делови на општеството, какви што се: образованието, културата, здравството, социјалната политика, разрешувањето на внатрешните општествени релации во политичкиот систем, коцептот на односите на македонскиот народ со малцинствата, политичките, културните, економските релации со пошироката соседска, регионална, европска и светска заедница, од што прозлегува надворешната политика на Република Македонија, концептот на релациите на македонскиот народ со деловите во соседните држави и друго, додава Кепеска.

По дефинирањето на контурите на проектот, Владата ќе бара широк партиски консензус.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДСМ да ги напушти теснопартиските интереси и да го прифати предлогот на претседателот Мицкоски. Според нив, важно е како опозиција да покажат конструктивност и чувство на одговорност кон државата.

Најнови вести од Македонија

To top