Сергеј Трифуновиќ по скандалот со сопругата Исидора, која ја пријавил во полиција за насилство, излегол на терасата од својот стан да им се обрати на насобраните новинари.
-Тука сте, па да ти кажам дека нема да излезам. Сега ќе дојде некоја девојка да го шета кучето, јас нема да излезам. Од*бете, вратете се во својата штала, јас не излегувам денес, чао, рече актерот и им прати бакнеж на новинарите.
Да потсетиме, Трифуновиќ и неговата сопруга биле интервјуирани во полициска станица, а обвинителот изјавил дека нема елементи на кривично дело. Но, било утврдено дека Исидора практично илегално престојувала во Србија, со оглед на тоа што е државјанка на Хрватска.
Против неа е поднесена прекршочна пријава врз основа на Законот за странци. По правосилноста на пресудата на судијата за прекршоци, таа ќе мора да плати парична казна.
Инаку, според член 27 од Законот за странци е предвидена казна во износ од 10.000 – 50.000 динари за непријавување живеалиште. Таа доби наредба да ја напушти Србија во рок од 24 часа.