Познати

Мартин од „Некст Тајм“ стана татко- девојчето доби преубаво име, а музичарот сподели и ФОТО од неа

Мартин од „Некст Тајм“ стана татко- девојчето доби преубаво име, а музичарот сподели и ФОТО од неа

Музичарот Мартин Филиповски од дуото „Некст Тајм“ стана татко. Курир дознава дека неговата сопруга, ракометарката Андреа Белеска на свет донесе девојче кое ќе го носи името Лиана.

Мартин и Андреа се заедно од 2015-та година, а во 2022-ра година тој ја запроси ракометарката во интимна атмосфера.

Потоа, црковната венчавка се одржа во родниот град на ракометарката Андреа во Кичево.

Инаку, Мартин и Андреа неколку години ја одржуваа врската на далечина.

Андреа прво играше за ракометниот клуб „Металург“, за турскиот клуб „Јенимале“, романската „Валчеа“, шведскиот „Боден“ и грчкиот „ПАОК“.

КУРИР им честита на проновата.

To top