Во текот на дискусијата, Директорот Јанев ја истакна важноста од тесна соработка со соседните држави, која се базира на принципите на доверба, транспарентност и несебична заложба за заедничка борба против криминалот.
Еден од најефикасните начини за водење на истрагите е воспоставувањето на заеднички истражни тимови, во рамки на кои зајакнатата полициско-обвинителската соработка помеѓу инволвираните држави е клучен фактор за успех во истрагите и изведување на сторителите пред лицето на правдата.
Беше презентиран и случај преку кој учесниците и меѓународните партнери можеа од блиску да се запознаат како функционира соработката помеѓу полициите во координација на обвинителствата на Македонија и Косово.
Целта е заедничка, силна посветеност во насока на спречување и откривање на прекуграничниот криминал и сузбивање на криминалните групи и организации кои делуваат во регионот.