Останати спортови

Диего Форлан ќе дебитита во професионалниот тенис

Диего Форлан ќе дебитита во професионалниот тенис

Некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Уругвај Диего Форлан ќе настапи идниот месец на професионален тениски турнир во родното Монтевидео, објавија организаторите.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Интер и Атлетико Мадрид ќе игра во двојки заедно со Аргентинецот Федерико Корија.

Успешната фудбалска кариера ја заврши во 2019 година и оттогаш настапува на ИТФ турнирите во категоријата за играчи над 45 години. Турнирот во Монтевидео е од серијата челинџер, но организиран од АТП, и 45-годишниот Форлан мораше да добие вајлд-карта за учество.

To top