Свет

Најмалку петмина загинати во израелски напад во северниот дел на Појасот Газа

Најмалку петмина загинати во израелски напад во северниот дел на Појасот Газа

Најмалку пет луѓе се убиени во израелски напади на северот на Појасот Газа, јави ДПА цитирајќи медицински лица. Палестинската Црвена полумесечина објави „ужасни сцени“ при транспортот на телата, меѓу кои имало и деца.

Најмалку 27 други луѓе се повредени во артилериски оган врз бегалскиот камп Џабалија.
Израелската армија засега не соопшти за нападите

Израелската армија повторно ги засилува операциите против Хамас во северниот дел од Појасот Газа. Хуманитарните организации соопштија за катастрофални состојби во затвореното подрачје.

To top