Кошарка

Стартува новата НБА сезона

Стартува новата НБА сезона

Со два натпревари во кои бранителот на титулата Бостон е домаќин на Њујорк, а пак ЛА Лејкерс ја пречекува Минесота официјално стартува 79. сезона во кошаркарската НБА лига.

Регуларниот дел од сезоната ќе се игра до 13 април идната година, а плејофот ќе стартува шест денови подоцна. Почетокот на финалната серија е закажан за 5 јуни.

Домаќин на Ол стар викендот оваа сезона ќе биде Сан Франциско од 14 до 16 февруари.

To top