Ракомет

Трикратниот европски ракометен шампион прогласи банкрот

Трикратниот европски ракометен шампион прогласи банкрот

Норвешки Виперс Кристијансанд заминува во историјата откако клубот не собра повеќе од 2.000.000 евра и престана да постои и прогласи банкрот.

Тимот за време на викендот победи во Лигата на шампионите против Будуќност од Подгорица со 32-23, што беше последен меч за најдобриот тим на Стариот континент во 2021, 2022 и 2023 година.

Гигантот на норвешкиот ракомет прогласи банкрот бидејќи не успеа да собере нешто повеќе од 2.000.000 евра, поточно 2.120.000, па ќе бидат избришани сите резултати на овој клуб во шампионатот и во Лигата на шампионите.

 

To top