Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски ја остави повредата зад себе и му се враќа на активното играње тенис по скоро една година пауза.
Нашиот најдобар тенисер имаше операција и мораше да мирува од терените подолг период и најверојатно ќе игра на фјучрс-турнирот во Трнава, Словачка, кој се игра на тврда подлога.
Ивановски во моментов е на 928. место на АТП-листата, а најдобриот ранкинг му беше непосредно пред операцијата, кога се наоѓаше на 305. место.