Француската фудбалска легенда Зинедин Зидан, би можел да го замени Италијанецот Роберто Манчини на местото селектор на Саудиска Арабија, објавија денеска медиумите во Франција и Италија.
Неодамнешниот пораз на Саудиска Арабија од Јапонија (0:2), проследен со ремито против Бахреин (0:0) во квалификациите за Светското првенство 2026 година, заедно со дебаклот од Азискиот куп на почетокот на оваа година, влијаеше на одлуката на Манчини да биде пред отказ, а не се задоволни и навивачите кои му испратија свирежи.
Зидан е без ангажман од 2021 година кога го напушти Реал Мадрид, со кој три пати по ред ја освојуваше Лигата на шампионите, а сега саудијците ќе се обидат да го доведат.