Свет Европска комисија

Стано: Работиме на отпорност против руските обиди за мешање и дестабилизација на демократските процеси

Така што имаме информации од прва рака врз основа на кои можеме да кажеме дека Молдавија навистина се соочува со закана и мешање без преседан од страна Русија и нејзините „прокси“ пред овие важни гласања, истакна Стано.

Стано: Работиме на отпорност против руските обиди за мешање и дестабилизација на демократските процеси

Европската Унија со внимание ги следи информациите за обиди за влијание и манипулации со информациите од страна на Русија, кои имаат многу лица и се случуваат во многу форми, со цел да се дестабилизираат демократските процеси, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано, во врска со информациите за обиди за странски мешања на референдумот за членство во ЕУ и на претседателските избори во Молдавија одржани вчера.

– Тоа, се разбира, не се случува само неколку дена пред гласањето. Тоа е долгорочен обид што го забележавме одамна. Најновите примери ги вклучуваат наводите за носење гласачи, докази што ги имаме од молдавските власти за фактот дека имало обиди за купување гласови, како и огромната пропаганда од страна Русија или руските „прокси“ што се шири во Молдавија, нагласи Стано, додавајќи дека како одговор на сите овие активности Европската Унија настојува да и помогне на Молдавија да изгради отпорност кон ваквите илегални обиди од страна на Русија.

Според него, ваквите појави не се карактеристични само за Молдавија, туку и земјите членки на ЕУ и нејзините партнери се изложени на обиди за влијание и мешање од страна на Русија, затоа Унијата презема мерки за справување со нив.

Тој додаде дека тоа е долгорочна борба, а причината зошто понекогаш изгледа како неуспешна, е затоа што Москва нема никакви ограничувања, како што имаат Европска Унија и нејзините партнери кои ги почитуваат принципите утврдени со законите, што не е случај со Русија и нејзините актери.

– Тие работат во послободно опкружување од нас, а ние мораме да се држиме до некои правила. Затоа борбата против манипулациите со дезинформациски информации и мешањето е толку напорна и бара сите да ги здружиме силите, рече портпаролот на ЕК.

Стано истакна дека Европската Унија со внимание ги следи референдумот и претседателските избори во Молдавија.

Бриселскиот договор склучен меѓу Белград и Приштина е валиден како и сите останати спогодби постигнати во рамки на дијалогот што се води со посредство на ЕУ, изјави денеска портпаролот на Евр

– Сега чекаме на конечно објавување на официјалните резултати од двете гласања и оценката на набљудувачите на изборите од ОБСЕ/ОДИХР, што треба да се случат попладнево, па потоа ќе излеземе со нашата формална реакција, додаде Стано.

Запрашан од каде и се на ЕУ информациите за вакви активности на Русија, Стано истакна дека сознанијата за злонаморното руско мешање и манипулации со информациите доаѓаат од молдавските власти, Мисијата на Унијата во Молдавија, мисиите на терен и амбасадите на земјите членки.

– Така што имаме информации од прва рака врз основа на кои можеме да кажеме дека Молдавија навистина се соочува со закана и мешање без преседан од страна Русија и нејзините „прокси“ пред овие важни гласања, истакна Стано.

Во одговор на прашање дали резултатите од референдумот би го смениле ставот на ЕУ во однос на пристапниот процес на земјата, Стано рече дека Унија останува посветена на поддршката на реформите за демократски развој и економски раст на Молдавија.

– Нашата позиција, нашата политика кон Молдавија не се менува, рече Стано.

Главниот портпарол на ЕК, Ерик Мамер, од своја страна, нагласи дека ЕУ ги поддржува амбициите, аспирациите и напорите на Молдавија за пристапување кон Унијата, потсетувајќи дека пред две недели и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен го посети Кишинев, при што изрази поддршка за земјата.

– Така што нашите позиции визави аспирациите за членство на Молдавија (во ЕУ), очигледно остануваат сосема исти, истакна Мамер.

To top