Македонија Женева

Лимани: Само родовата еднаквост го прави едно општество повитално и просперитетно

Ќе се засилат реформите во образовниот процес за спроведување на родово-сензитивни програми кои работат на искоренување на родовите стереотипи, спречување на насилство и сексуално образование во насока на унапредување на репродуктивното здравје. Ќе се работи континуирано на едукација и информативни кампањи за подигање на свеста за справување со родовите стереотипи и дискриминаторски практики, кажа Лимани.

Лимани: Само родовата еднаквост го прави едно општество повитално и просперитетно

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска имаше обраќање на Регионалниот состанок за следење на напредокот на Пекингшката декларација и Платформа за акција за родова еднаквост (Пекинг +30) што се одржува во Женева.

Лимани во своето обраќање зборуваше за досегашното спроведување на Пекингшката декларација за родова еднаквост и заложбите на земјата за наредниот пет годишен период, соопшти Министерство за социјална политика, демографија и млади.

Тој истакна дека Владата на Република Северна Македонија ќе продолжи да се залага за зајакнувањето на позицијата на жената, како потребна основа за просперитет и одржливост, затоа што силни жени значат силно општество, а во тој контекст за остварување на Пекиншката декларација за родова еднаквост.

– Ќе продолжи процесот на донесување на нови законски решенија усогласени со ЕУ директивите, стратешки документи, програми и мерки за унапредување на родовата еднаквост и зајакнување на жените особено во областите на заштита од дискриминација, насилство врз жените и родово базирано насилство, економското зајакнување и родово одговорното буџетирање, здравствената заштита и пристапот до сексуално и репродуктивно здравје, со посебно внимание кон маргинализираните и ранливи групи жени. Ќе се подобри инклузивниот/партиципативен процес во подготовката на политиките, со консултација на целните групи/засегнатите страни (на пример, жени од руралните области, Ромки, жени со попреченост и други маргинализирани групи). Ќе се продолжи со подобрување на производството и дисеминацијата на родовата статистика преку градење на капацитетите на ДЗС и другите актери во статистичкиот систем, посочи Лимани.

Најави и дека ќе се направат напори за зголемување на финансиската поддршка и партнерството со граѓанските организации кои работат на родова еднаквост и зајакнување на жени за да се овозможи спроведување на активности на ниво на локалните заедници, а ќе продолжат и напорите за намалување на родовиот јаз во економијата и подобрување на положбата на жените на пазарот на трудот.

– Ќе се засилат реформите во образовниот процес за спроведување на родово-сензитивни програми кои работат на искоренување на родовите стереотипи, спречување на насилство и сексуално образование во насока на унапредување на репродуктивното здравје. Ќе се работи континуирано на едукација и информативни кампањи за подигање на свеста за справување со родовите стереотипи и дискриминаторски практики, кажа Лимани.

Истакна и дека демографската динамика во државата и регионот е силно препознаена од Владата и е дел од клучни стратешки документи.

– Земајќи предвид дека половина од населението кај нас и во светот се жени, нивното зајакнување и учество во развојот на државата е едно од клучните решенија за градење на демографски отпорно општество. Само родовата еднаквост го прави едно општество повитално и просперитетно но потребно е да работиме заедно за зајакнување на позицијата на жената насекаде во светот. Жената во центар на нашето внимание за да обезбедиме посветла иднина за идните генерации, рече министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во обраќањето на Регионалниот состанок за следење на напредокот на Пекингшката декларација и Платформа за акција за родова еднаквост (Пекинг +30) во Женева.

Најнови вести од Македонија

To top