Атрактивната актерка Лидија Вукиќевиќ (62) позната по улогите во „Жикина династија“, „Подобар живот“ и „Игра на судбината“ покажа како изгледа во седмата деценија од својот живот.
Лидија доби тон комплименти за својот изглед. Oвој пат ја гледаме во фустан за на плажа со дупчиња, па нејзините облини дојдоа до израз.
Вукиќевиќ цела своја кариера добива коментари за изгледот, што не секогаш позитивно се одразувало. Таа вели дека нејзините почетоци во актерството биле многу тешки.
-Најтешки ми беа почетоците, сакав да се докажам. Во првото интервју реков: „Јас сум актерка со мозок“, тешко ми беше да го докажам тоа. Луѓето ме гледаа како згодна, кадрава црнка, а јас не сакав да ме оценуваат според изгледот и да ме оспоруваат. Сакав да стекнам почит и најважно ми е што успеав, раскажа таа во една прилика.
View this post on Instagram