Останати спортови

Младите боксери ќе настапт на СП во Будва

Младите боксери ќе настапт на СП во Будва

Македонската боксерска репрезентација во Будва, Црна Гора ќе настапи на претстојното Светското првенство за млади боксери. Во составот на нашата репрезентација се најдоа 9 боксери и тројца тренери.

Боите на Македонија во Црна Гора ќе ги бранат: 50 кг Бајарам Мамутовски, 54 кг Меридиан Алими, 57 кг Ардијан Рустемовски, 60 кг Луан Сулејмани, 67 кг Лука Трифуновиќ, 72 кг Наум Стојановски, 75 кг Баки Ајети, 86/ 80 кг Ери Хани и 92/ 86 кг Лиси Коџаџику.

Националниот тим ќе го предводат тројца тренери Владимир Цекиќ, Самет Салиевски и Насер Харуни.

Поврзани теми

To top