КК Пелистер го одбрани домашниот терен и останува со максимален ефект во Првата кошаркарска лига по победата над Куманово.
Последниот период му припадна на Пелистер со резултат 17:8, па ова се покажа како пресудно за победата изразена со резултат 88:74.
Едвардс имаше дабл-дабл учинок со 19 поени и 10 скокови ,Лука Стојановски погоди пет тројки запиша 15 поени зад своето конто, додека најефикасен на мечот беше играч на Куманово.
Радукиќ постигна 20 поени, а 19 зад своето име придодаде Луковиќ кој исто така имаше и 12 скокови.