Очигледно е дека тренерот Микел Артета веќе нема да го чека Габриел Жесус да ја врати формата, и е подготвен да донесе нов напаѓач во јануарскиот трансфер период.
Една од главните опции за Арсенал е напаѓачот на Пари Сен Жермен, Рандал Коло Муани. Според француските медиуми, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, јасно му дал до знаење на Коло Муани дека за него нема место веќе во тимот, и дека може да замине.
Арсенал и Манчестер јунајтед се заинтересирани за Муани, а постои можност тој да пристигне во Лондон на позајмица во јануари, со услов да биде откупен на крајот од сезоната.