Сондерјиске го направи најголемото изненадување во 12-то коло во данскиот фудбалски шампионат, бидејќи денеска на домашен терен успеа да го победи Митјиланд.
Шампионот настрада на гостувањето на кое беше пречекан од двајца македонски фудбалери, а репрезентативецот Лирим Ќамили беше клучен за сензационалниот триумф на домаќините.
Напаѓачот постигна два гола за предност од 2:0 и тоа сосема оправдано му донесе МВП признание, но добар настап имаше и вториот наш интернационалец, Сефер Емини.
Митјиланд не се откажа така лесно и успеа да намали на 2:1, но потоа Емини асистираше до Линг кој зголеми на 3:1.
До крајот, гостите постигнаа уште еден гол за 3:2, меѓутоа немаа доволно време за целосно враќање и извлекување бод.