Познати мала тајна

Принцот Вилијам откри мала тајна за родителството: Тоа го сакаат дури и кралските деца

Принцот Вилијам и принцезата Кејт имаат три деца, но никогаш не криеле дека и тие се справуваат со секојдневните проблеми што децата им ги предизвикуваат на родителите.

Во овој поглед, принцот откри како успева да ги израдува своите деца, па многумина беа изненадени од какви подароци се задоволни кралските малечки.

Кралското семејство присуствуваше на настан организиран од хуманитарна организација, а потоа присутните видоа како принцот Вилијам се снаоѓа во американскиот фудбал. Во таа прилика откри и една тајна во родителството.

После тоа, тој доби три топки за своите три деца како подарок, а неговиот коментар всушност привлече најголемо внимание.

„О, тоа е многу љубезно. Никогаш не оди дома со празни раце. Тоа е моето главно мото, како да се биде родител. Многу љубезно од вас, ви благодарам многу. Сигурно ќе им се допадне“, рекол Вилијам, со што ја открил својата мала тајна во воспитувањето на децата.

To top