Фудбал

Чави Ернандес се враќа на Блискиот Исток!?

Чави Ернандес се враќа на Блискиот Исток!?

Чави Ернандез наскоро може да се пресели назад на Блискиот Исток.Чави беше главен тренер на Ал-Сад пред да ја преземе Барселона во 2021 година, и враќањето во Катар изгледа е на пат.

Според локалниот весник „Ал Раја“, тој преговара за можен ангажман како следен тренер на националниот тим.

Тинтин Маркез, кој исто така е од Барселона, е актуелен главен тренер на националниот тим на Катар, иако се известува дека е под притисок. Ако биде ослободен од своите должности, Чави би бил во добра позиција да го наследи.

Чави вети дека ќе земе година пауза по неговото заминување од Барселона, иако изгледа дека враќањето на менаџерската позиција би можело да се случи порано отколку што се очекуваше.

To top