Фудбал

ПМФЛ: Пораз за Вардар од Беса, Силекс со лекција за шампионот

ПМФЛ: Пораз за Вардар од Беса, Силекс со лекција за шампионот

Денеска се играа натпревари од осмото коло во македоската Прваta македонска фудбалска лига и во нив најубедливата победа ја забележа тимот на Силекс кој одигра одличен натпревар и во Струга славеше против актуелниот шампион со 1:4.

Работнички на свој терен славеше победа од 1:0 во дербито со Гостивар и така остана осамен на врвот на табелата. Единствениот гол на натпреварот го постигна Мазари во 15. минута од средбата.

Вардар претрпе пораз на гостувањето кај Беса со 2:1 и така остана претпоследен на табелата. Стрелци на головите за домаќините беа Есати и Фетаи, додека голот за Вардар го постигна Омерагиќ.

На останатите средби не видовме погодоци на дуелите Пелистер – Шкупи и Тиквеш – Шкендија, додека Брера и Воска одиграа 1:1.

РЕЗУЛТАТИ 10. КОЛО ПМФЛ:

Брера – Воска 1-1

Беса – Вардар 2-1

Пелистер – Шкупи 0-0

Работнички – Гостивар 1-0

Струга – Силекс – 1-4

Тиквеш – Шкендија 0-0

ТАБЕЛА: Работнички 22, Шкендија 19, Силекс 17. Гостивар 17, Струга 15, Шкупи 13, Беса 12, Брера 12, Пелистер 11, Тиквеш 11, Тиквеш 8, Вардар 7, Воска 6

To top