Пластичните кеси и пластиката за еднократна употреба од денеска се забранети за употреба во Црна Гора, согласно Законот за управување со отпад.
За непочитување на таа законска одредба се предвидени казни од 1.000 од 40.000 евра
Законот за управување со отпад стапи на сила на 20 април, а примената на поединечните одредби, вклучително и оние кои се однесуваат на пластичните кеси и пластиката за еднократна употреба, е предвидена за шест месеци од денот на стапување во сила, соопшти агенцијата МИНА.
Според законот, забранета е употреба на лесни пластични кеси за носење, со дебелина на ѕидот од 15 до 50 микрони, на продажното место на стоки или производи.
За кеси со дебелина на ѕидот поголема од 50 микрони се плаќа такса од 0,03 евра.
Покрај најлонските кеси, забранети се и пластични сламки, но и пластични прибор за јадење и одредени кутии за пакување на храна.
Законот предвидува и посебни давачки за депонирање на мешан комунален отпад, бидејќи целта е да се намали депонирањето на отпадот на депониите.