Свет

Третпат снема струја на Куба

Третпат снема струја на Куба

Милиони Кубанци беа во темница откако синоќа пропадна и третиот обид за повторно воспоставување на електричната мрежа на островот.

Кубанската национална електрична мрежа во петокот попладне првпат престана да работи, но беше рестартирана, но вчера утрото повторно падна.

– Вечерва во 22 часот и 25 минути целосно е исклучен националниот електроенергетски состав, објави компанијата „Хавана електрик“ на социјалната мрежа Телеграм.

Подоцна објавата е отстранета од Телеграм, а милиони луѓе и денеска се без електрична енергија.

– Процесот на повторно воспоставување на електричната мрежа и понатаму е сложен, објави кубанското Министерство за енергетика на платформата Икс.

Поради падот на електричната мрежа во Хавана и во Маријана синоќа имаше протести.

Дури и пред падот на мрежата Куба се соочуваше со недостиг на електрична енергија. Комунистичката влада на Куба во петокот ги испрати дома несуштински владини работници и ја откажа наставата во училиштата, обидувајќи се заштеди гориво за производство на електрична енергија.

Најнови вести од Свет

To top