Марк Маркез е победник на трката од за Големата награда на Австралија на МОТО ГП која утрово се возеше на патеката „Филип Ајленд“.
Осумкратниот светски шампион дојде до својата трета победа сезонава во кралската класа, а по петти пат триумфираше на оваа патека во Австралија.
Триумфираше за секунда пред возачот на Прамак, Хорхе Мартин, инаку водечки во генералниот пласман сезонава, а на третото место заврши Франческо Пеко Бања, актуелниот светски шампион во Мото ГП.
Четврти заврши Италијанецот Ди Џанантонио, пред сонародникот Бастианини од Дукати.