Ракомет

РК Алкалоид со успешен старт во ЕХФ Европскиот куп

РК Алкалоид со успешен старт во ЕХФ Европскиот куп

РК Алкалоид успешно стартуваше во ЕХФ Европскиот Куп и ја запиша својата втора европска победа.

На првиот меч од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп, македонската екипа го совлада составот на Клаипеда Драгунас од Литванија со убедлива разлика од 11 гола (42:31, 18:12).

На крајот на првиот дел резултатот беше 18:12, а во второто полувреме ритамот на играње остана ист. Гостите се обидоа и со подлабока зона и не го намалија темпото па брз ракомет се играше до крајот на натпреварот.

РК Алкалоид водеше од шест до девет гола разлика во оваа фаза од средбата, а во 50 минута беше 33:24. Разликата прв пат стана двоцифрена во 52 минута (35-25). Потоа стигна и до максималните 12 гола разлика, за на крајот средбата да заврши со резултат 42:31. Следниот викенд во сабота ќе се игра реваншот во Литванија.

РК АЛКАЛОИД: Кизиќ (1 одб), Галевски 1 (9 одб), Џонов, Маркоски, Костески 10, Младеновиќ 1, Серафимов 6, Карасманакис 1, Стојковиќ 4, Митев 5, Ѓоргиев 4, Велковски, Симоноски 1, Бинго 9, Петковски, Савревски,
Седмерци: 6/7 Исклучувања: 10 мин.

КЛАИПЕДА ДРАГУНАС: Пакалнискис (9 одб), Коржук 1, Одиноков 2, Симонавичиус 4, Бучиус 2, Љапинаискас 4, Пуликас, Јускенас 2, Драксас 1, Цесна 1, Сматаускас 4, Буткус 6, Кајрус, Плахотињ, Стропус 4
Седмерци: 2/5 Исклучувања: 4 мин.

To top