Паузата поради репрезентативни обврски понекогаш знае да влијае негативно врз големите фаворити, а тоа на своја кожа денеска го почувствува и Арсенал на гостувањето на „Виталити“ стадионот.
Борнмут во секаква комбинација важи за крајно незгоден противник кога игра на домашен терен, но ситуацијата станува уште посложена кога гостинскиот тим ќе остане со 10 играчи на теренот.
Вилијам Салиба денеска направи глупост во 29-та минута и го собори Еванилсон во 30-та минута, по што главниот судија Џоунс по проверка на ВАР му покажа директен црвен картон.
Непотребната реакција на стоперот на Арсенал го остави тимот на Артета во крајно незавидна ситуација, бидејќи „топчиите“ мораа да се борат со играч помалку уште еден час на теренот.
Борнмут со човек повеќе на теренот беше далеку поопасен тим, а иницијативата ја круниса со гол за најавните шпици. Домаќините изведоа корнер акција од фудбалските учебници и истата со гол ја заврши Кристи во 70-та минута, а 9 минути подоцна, водството беше зголемено.
По направениот пенал од Раја над Еванилсон, Клајверт ја презема одговорноста и погоди за 2:0, погодок со кој се стави точка на последниот натпревар од саботната програма во Премиер лигата.
Ремек-делото по изведен корнер погледнете го ТУКА