Останати спортови

Страшен судир во МОТО ГП при брзини од 300 км на час (ВИДЕО)

Страшен судир во МОТО ГП при брзини од 300 км на час (ВИДЕО)

Овој викенд во Мото ГП на програмата е трката во Филип Ајленд, а се возеше спринтот на кој победи Хорхе Мартин, пред Марк Маркез, Енеа Бастијанини и актуелниот шампион Франческо Бањаја.

Но трката ја одбележа страшниот судир помеѓу Марко Бецеки и Маверик Вињалс во првиот свиок на два круга до крајот.

Маверик Вињалес го претекна Марко Бецеки на правецот, но возачот на Дукати се прецени на кочење па дојде до контакт при брзини од 300 км на час, и за среќа двајцата поминаа само со помали повреди.

To top