Ракомет

Арон Палмарсон се враќа во Веспрем

Арон Палмарсон се враќа во Веспрем

Исландскиот ракометар Арон Палмарсон се враќа во редовите на Веспрем и до крајот на актуелната сезона ќе го засили составот на Чави Пасквал.

34-годишниот централен бек минатата година се врати во татковината и настапуваше за Хафнафјордур, но ја прифати понудата да се врати во клубот чии бои ги бранеше од 2015 до 2017 година.

По пет одиграни кола во групата А на Лигата на шампионите, Веспрем е на втората позиција со четири победи и еден пораз

To top