Томас Тухел беше избран од ФА за нов селектор на англиската сениорска репрезентација, избор кој донесе и се уште носи реакции на островот.
Низ изминативе денови имаше негативни, позитивни коментари, некои пак се изненадени од потегот на асоцијацијата како што е случај со Вејн Руни.
-Изненаден сум. Тој е многу добар тренер, но јас сум изненаден што ФА го вработи. Но, му посакувам се најдобро и се надевам дека ќе се снајде добро.Она што ФА го изгради во последните 10-15 години беше одлична платформа за младите тренери, па јас сум изненаден што не отидоа со некој свој, но како што реков, тие ја донесоа одлуката и му посакувам се најдобро и се надевам дека ќе направи добро за нас, -вели Руни.