Кошарка

Драмата во Белград во корист на Барселона (ВИДЕО)

Драмата во Белград во корист на Барселона (ВИДЕО)

Нема повеќе непоразени екипи во Евролигата откако Барселона која во еден драматичен и исцрпувачки меч успеа да славеше над Црвена Звезда со 98:94 на мечот во Белград.

„Црвено-белите“ влегоа со голема самодоверба во овој дуел, учинок „три од три“ и убедлив триумф над Фенербахче во Истанбул од 19 разлика. Водени од таа енергија и од навивачите домашните кошаркари ги добија првите 20 минути со 47:44.

Таа предност од плус три ја задржаа и по третиот период за да во завршниот дел видиме голема борба, драма во која Пантер и Дос Сантос реализираа за конечни 84:84 и дополнителни пет минути.

Блескаше Пантер за кого ова беше враќање во Белград со оглед на тоа што до пред некој месец настапуваше во Партизан.

Плејмејкерот даде четири тројки од шест обиди, вкупно 26 поени со 3 асистенции и 4 украдени топки. На другата страна Дос Сантос уфрли 23 кошеви.

To top