Република К1 и К2

Нови канализациони краци во Пиперево подготвени за приклучување

Секој метар фекална канализација во општина Василево е долгоочекуван и неопходен за секојдневното живеење на граѓаните.

Нови канализациони краци во Пиперево подготвени за приклучување

Жителите од населеното место Пиперево чии домови гравитираат кон новоизградените канализациони краци К1 и К2 веќе од денес, можат да се приклучуваат на системот за фекална канализација. Преку својот ФБ профил, информацијата ја сподели градоначалникот на општина Василево Славе Андонов: „Убава вест за граѓаните на населеното место Пиперево“.

Сите заинтересирани граѓани кои живеат во делот од Пиперево каде се изгради фекалната канализација К1 и К2, веќе од утре може да бидат приклучени на канализацијата, секако со претходно потпишан Договор со ЈПКД „Турија“ во чија надлежност е оваа дејност. Ако до пред три години во општина Василево не се градеше ниту еден метар фекална канализација, денес се гради фекална канализација во неколку населени места и тоа во ситуација кога општината е во најтешката финансиска состојба од своето постоење. Секој метар фекална канализација во општина Василево е долгоочекуван и неопходен за секојдневното живеење на граѓаните.

Со овој проект настапив и на Локалните избори 2021 година како ветување и врз основа на тоа ја добив довербата од граѓаните да ја водам општина Василево. Посветено работиме повеќе да нема излевање на септичките јами а со тоа ќе се заштити животната средина“, напиша градоначалникот Андонов, притоа најавувајќи дека оваа година општина Василево ќе започне постапка за изградба на уште еден крак фекална канализација во ова населено место.

Според информација од ЈПКД „Турија“, кои стопанисуваат со канализационата мрежа, цената на приклучокот изнесува 20 000 денари плус 101 денар месечно за одржување на мрежата.

Најнови вести од Република

To top